Премиерот во „секс скандал“ со министерката

Токму како секс скандал српските медиуми го отценуваат тоа што на состаноците во Брисел, српскиот премиер Дачиќ ја нарекол убавица, косовската министерка за евроинтеграции Вљора Читаку.

- Отпрвин на Читаку не и пречеле комплиментите што и ги давал Дачиќ, кои биле и коректни и на место, наведува соговорник на порталот Прес онлајн, но чашата ја прелеал коментарот на Дачиќ, кога ги запрашал членовите на косовската делегација – Каде е вашата убавица?

Од овој коментар се навредил Јонуз Муслиу кој буквално побеснел и му се обратил на Дачиќ со зборовите:

- Кој си ти? Што си ти? Министер за внатрешни работи и премиер или Донжуан? На Косово има многу Албанци донжуани, не и требаш ти!.

Оваа епизода била доста непријатна, а Дачиќ на прекорот одговорил со насмевка.

Епилогот на овој секс скандал, пишува Прес е тоа што сега Читаку ги избегнува средбите со Дачиќ, а тој може да добие и забрана за посета на Косово, бидејќи за случајот бил известен и косовскиот премиер Хашим Тачи..

Министерката Читаку на Твитер излезе со порака:

-          Дојде до забрана. Нема забрана за доаѓање на српски политичари на Косово. Само му рековме НЕ на Дачиќ. Тоа е се, напиша таа.

15.10.2013 - 11:12