СДСМ: ВМРО да се извини за гнасните лаги за Ацевски

ВМРО-ДПМНЕ а особено пратеничката Благица Ласоска, треба да се извини за гнасните конструкции, кои синхронизирано ги шири и надградува преку медиумите блиски до оваа партија.Ова го велат преку соопштение од СДСМ.

 - Толку е очајно ВМРО-ДПМНЕ, соочена со поразот што ги чека, што шири лаги и злоупотребува приватни семејни односи. Пратеникот Костадин Ацевски и неговата сопруга најостро ги демантираа и ги осудија пласираните невистини од ВМРО-ДПМНЕ за наводно семејно насилство во домот на пратеникот. Тоа е целосна лага, срамна злоупотреба на деца, семејни односи и недоразбирања во дневнополитички цели. Ацевски и неговата сопруга веќе дадоа изјави, во кои потврдуваат дека не се случило никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство, вели владејачката партија.

 

 СДСМ е одговорна партија, против секаков вид на насилство и имплементира мерки политики за унапредување на родовата еднаквост и градење на едно општество за сите граѓани, без дискриминација.

 - Сексизмот, шовинизмот и дискриминацијата се одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и портпаролот Наум Стоилковски неодамна срамно, неодговорно и недолично, јавно ги омаловажуваше жените, пред се жените на јавни функции, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега