Грција и даде поддршка на Албанија во процесот на интегрирање во евроатланските структури

Грција и даде поддршка на Албанија за пат кон  Европската унија и се заложи за понатамошно ширење на ЕУ на Балканот.

Проширувањето на ЕУ на Балканот ќе биде еден од приоритетите за време на грчкото претседателство со Унијата идната година, изјави вчера заменикот грчки премиер и министер за надворешни работи  Венизелос во разговор со албанскиот претседател Нишани.

Нишани се заблагодари на Грција за поддршката во процесот на интегрирање на Албанија во евроатлантските структури.

 

15.10.2013 - 10:43

најчитано сега