МВР потврди: Шиповиќ уапсен во Виена

Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ утрово е уапсен на аеордромот во Виена. Информацијата за Press24 ја потврди и МВР од каде велат дека вчера, по барање на Судот, полицијата распишала меѓуародна потерница. Шиповиќ во моментов се уште се наоѓа на аеродромот во Виена. Согласно процедурите, австриските власти најпрво треба да извршат идентификација, а потоа, се очекува судија да му одреди екстрадиционен притвор. Се очекува набрзо МВР да поднесе барање на екстрадиција, а по завршуањето на сите процедури, Шиповиќ да биде префрлен во Македонија.
Информацијата за порталите блиски до опозицијата ја потврдил и самиот Шиповиќ.
Тој во Македонија се бара како првовосомничен во случајот Претседавач, за финансиски криминал во фирмата Машинопромет, тежок милион евра

15.10.2013 - 10:43

најчитано сега