Заборавил да ја затвори вратата од дома - кумановчанец поради невнимание остана без 12.000 евра

Кумановчанец поради невнимание остана без 8.500 евра и златен накит. Според информациите од МВР, се работи за 45-годишниот Е.А. кој заборавил да ја затвори вратата од својот дом лоциран на улицата „Ибе Паликуќа“ во Куманово, а неговото невнимание го искористил крадец кој влегол во домот и ги однел златото и парите.

Крадецот со 12.000 евра веднаш го напуштил местото на настанот и избегал во непознат правец.

Полицијата трага по сторителот.

15.10.2013 - 10:24