Пронајден алуминиум во млекото за бебиња

 Во млекото за бебиња на најголемите светски производители пронајден алуминиум се вели во анализи извршени во Велика Британија.

Производите во кои се пронајдени загрижувачки колличини на алуминиум се Аптамил, Гип Органик и Кау анд Гејт (Aptamil, Hipp Organic, Cow and Gate).

Во анализата е потврдено дека млекото од соја за бебиња содржи и до 100 пати повеќе алуминиум од мајчиното млеко што може да предизвика здравствени проблеми во подоцнежниот развој.

Во Велика Британија е пропишано нивото на алуминиум во водата да не смее да биде повеќе од 200 микрограми по литар.

Експерти ги повикаа производителите да го намалат нивото на алуминиум кој завршува во млекото за бебиња.

– Знаеме многу за алуминиумот, но се уште не ги знаеме сите разорни последици врз човечкото тело. Луѓето воглавно знаат за неговата поврзаност со Алцхајмеровата болест и други невролошки состојби, а од порано знаеме дека влијае и врз формирањето на коските, вели Крис Ексли, шеф на тимот експерти. Алуминиумот во човечкото тело може да предизвика и анемија.

15.10.2013 - 09:20

најчитано сега