Силен земјотрес на Филипините - загинаа 20 лица а 33 се повредени

Силен земјотрес го погоди централниот дел на Филипини каде загинаа најмалку 20 луѓе а 33 се повредени.

Земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на два километри југоисточно од градот Кармен во провинцијата Бохол.

Поради земјотресот во прекин е снабдувањето со електрична енергија во повеќе филипински реони.

15.10.2013 - 09:12

најчитано сега