Конференција за справување со природни катастрофи

Конференција на тема „Научени лекции од операции и вежби извршени од EADRCC“ ќе се одржува од денеска до 17 овој месец во Охрид. Конференцијата е  организирана од Центарот за управување со кризи и Министерството за одбрана.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за одбрана Талат Џафери и помошникот на генералниот секретар за операции, амбасадорот Стивен Еванс.

Конференцијата е посветена на научените лекции од операции и вежби извршени од Евроатлантскиот центар за одговор и координација при кризи – EADRCC.  Учесниците ќе анализираат како НАТО и партнерските земји може да се здружат да одговорат на брз и соодветен начин со цел да се справат од природни катастрофи што земјите не можат сами да ги решат.

Министерот Џафери смета дека ниедна земја од регионот, нема достапни сили да се справува со сите предизивици од невоена природа. 

15.10.2013 - 08:53