После питата со месо и ајвар ќе заборавите на сите други - рецепт кој ќе ви служи цела зима
Наместо традиционалната гибаница, корите наполнете ги со мелено месо и ајвар и изненадете ги домашните и пријателите со новиот вкус.
Потребно ви е:
500 грама кори за баклава
1 главица кромид
1 праз
500 грама мешано мелено месо
малку вегета
малку бибер
мала тегла ајвар
4 јајца
малку кисела вода
2 чаши кисела павлака
малку сол
Сите исецканиот кродим пропржете го на малку масло. Додадете мелено месо, па сето тоа заедно исшржете го. Порпрженото месо измешајте го со ајварот. Редете две по две кори, секоја исрпскајте ја со масло и кисела вода, а во секоја втора ставајте од филот. Завиткајте ги корите о ролна, ставете ги на подмачкана тепсија, исечете ја на парчиња. Сетоа тоа прелијте го со павлака измешана со јајца и малку сол. Оставете да отстои еден час, па печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа