Лек за 5 денари со големо лековито својство: Против болки во зглобовите, грбот, срце, имунитет и холестерол

 

 

Говедскиот желатин е состојка на многу продукти и како додаток се наоѓа во рецептите на многу јадења. Наоѓа примена од древни времиња иако во тој период веројатно многу малку се знаело за неговите лековити својста. Денес тој важи за одличен додаток со повеќекратна корист на вашето тело особено за оние кои имаат или имале проблем со сврзните ткива.

Говедскиот желатин е безбоен прашак без мирис и вкус кој се добива со варење на коските, рскавиците и кожата на животни (што го прават далеку од вегетаријанска опција) и затоа е исклучително богат со колаген и тоа во неговата најчиста форма.

Во суштина, неговите лековити својста се заслуга токму на овој диететски производ (колаген), но исто така и заради големите количини на Пролин, Глицин и некои други протеини кои во растителните желатини ги има во многу помала концентрација. Се користи во козметичката индустрија, во народната медицина и има докажано позитивно влијание врз косата, ноктите и кожата.

Покрај ова, комплексот на аминокиселини кои се наоѓаат во говедскиот желатин благо го покачуваат нивото на хлороводородна киселина во желудникот која е потребна при варењето на храната. Со тоа го забрзувате метаболизмот што на долг период значи и помалку килограми.

Сепак, она за што говедскиот желатин најчесто се користи е повреди на рскавицата на коленото, повреди на зглобовите и повреда на коските. Впрочем, со користењето на овој производ, ќе го заштитите целокупниот мускулно-скелетен систем (вклучувајќи го срцето) и дополнително ќе го зајакнете. Високата концентрација на калциум во комбинација со витаминот Д ќе помогнат да се зголеми густината на коските нивниот квалитет. Доколку пак имате оштетена рскавица ова е најдобриот природен лек за вас. Дополнително, говедскиот желатин ќе ја намали можноста од појава на артритис и остеопороза.

Како се користи?

Говедскиот желатин можете да го најдете пакуван во кесички во било кој маркет или продавница за здрава храна. Содржината од една ваква кесичка се истура во половина чаша со вода и се остава да одстои во текот на ноќта. Наутро се пие на празен стомак и може да се заслади со мед или пак да се разреди со сок од портокал. Се пие во континуитет од 30 дена а потоа се прави пауза од 6 месеци по што терапијата се повторува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега