Турска нафтена компанија потпиша спогодба за нафтени содажи во Авганистан

Турската нафтена компанија ТПАО минатата недела во Авганистан потпишала спогодба за нафтени сондажи во два блока. Како што изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз оваа спогодба која вреди 150 милиони долари и е одобрена од авганистанската Влада.

„За да се постигне трајна политичка стабилност во Авганистан, секако треба во функција да се стават подземните богатства на земјата“, изјави Јилдиз и додаде дека потпишаната спогодба е поврзана со процесот на нормализирање на ситуацијата во Авганистан.

 

Министерот прецизираше дека ТПАО нафтените сондажи во Авганистан ќе ги изведе заедно со три фирми партнери.

14.10.2013 - 16:42

најчитано сега