ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов лаже, СДСМ го уништуваат зеленилото и сечат дрва
Петре Шилегов по примерот на Зоран Заев свесно лаже и ги манипулира скопјани. Градоначалниците на СДСМ сечат дрва низ цело Скопје, а Шилегов игра на картата на кратка меморија на граѓаните кога вели дека не сечеле дрва. Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавите на Шилегов, при садењето јапонски цреши.
- Доколку сепак Шилегов има дупка во меморијата, па не се сеќава што правеа Златко Марин и Стефан Богоев пред неколку месеци, ние ќе го потсетиме со фото и видео материјал како се сечеа дрва за да се градат згради, токму од него и неговите градоначалници. Богоев сечеше дрва кај Веро во Карпош, а Марин сечеше дрва низ цел Аеродром. Ова е вистинската слика на СДСМ. Уништуваат зеленило и ја загрозуваат животната средина, а потоа лажат. Лагите и манипулациите нема да им помогнат на СДСМ. Скопјани одамна ги прочитаа. За уништувањето на зеленилото, загрозувањето на животната средина и неработата во изминативе две години следува казна на 12 април, кога СДСМ ќе изгуби во Скопје, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа