ВМРО-ДПМНЕ: Ниту член ниту функционер на партија не може да има различен третман од секој друг граѓанин

СДСМ се обидува од случај каде има сериозен сомнеж за криминал (случајот со притворање на дваесетина лица осомничени за криминал во Машинопромет), меѓу кои и директорката на дирекцијата на УЈП за Скопје, поставена од ВМРО-ДПМНЕ и која цели 6 години беше на таа позиција, да го претвори во политички случај. Притоа веќе е јасна намерата да се претстави перцепција дека Шиповиќ е политички притворен.

          ВМРО-ДПМНЕ ниту досега, ниту во иднина има намера да се меша во работата на Јавното Обвинителството и судовите во Република Македонија, како што воопшто не се мешаше кога истите институции притвораа и затвораа членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ осомничени за прекршување на законите. Никој не може да има различен третман од секој друг граѓани само и само заради тоа што е член или функционер на една или друга партија.

          По карактерот на барањето на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ, да се вмеша во овие работи и да издејствува ослободување од притвор на Шиповиќ, јасно е дека со СДСМ сеуште владее Црвенковски и неговата школа. Не толку одамна, да ве потсетам, Црвенковски јавно објаснуваше како тоа премиерот треба да крене една слушалка и да заврши ваква работа. Ние разбираме дека тоа така се работело во време на СДСМ, но ВМРО-ДПМНЕ не работи на тој начин, ниту пак некогаш ќе работи.

          Согласно Законот не постои можност ВМРО-ДПМНЕ да ја превземе власта во Општина Центар, затоа што ако хипотетички Шиповиќ се повлече или поднесе оставка на негово место доаѓа повторно човек од листата на СДСМ.

 

          СДСМ е на власт во Општина Центар веќе повеќе месеци. Се е во нивни раце. Но не видовме дека најдоа некој криминал заради кој ние како што велат сме биле исплашени.

Интегрален текст од прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

14.10.2013 - 16:32

најчитано сега