ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ граѓаните само чекаат ден да заминат од државава

 

Со СДСМ и Зоран Заев Македонија доживува само порази, а граѓаните се разочарани и чекаат ден да си заминат од државата. Ова денеска преку соопштение го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Апатијата кај луѓето е резултат на лошите политики во изминативе 2-3 години спроведувани од Зоран Заев. Зоран Заев ветуваше дека ќе врати 600.000 иселени млади. Три години е на власт, еден човек нема вратено во државата, а дополнително нови се иселуваат. Над 75% од младите кои живеат во Република Македонија се несреќни што живеат овде, а половина од нив преземаат конкретни чекори да ја напуштат државата. СДСМ вети подобро образование, а најдобриот универзитет во државата, Св. Кирил и Методиј е на 1816 место на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Универзитети од Африка се пред нас. Заев вети нови работни места и 500 евра плата, 300 пилоти и што ли уште не. Ги понижи младите и нивната интелигенција. СДСМ вети живот за сите, а гледаме три години само како се вработуваат децата на функционерите, велат од опозицијата.

Додаваат дека три години гледаме само неуспеси. Три години гледаме само порази. Лошите политики мора да завршат. Апатијата мора да исчезне.

- На 12 април народот одлучува помеѓу Зоран Заев и Македонија. Народот ќе ја избере Македонија, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега