Во средината на декември ВМРО ќе ги објави имињата на техничките министри

Опозициската ВМРО-ДМПНЕ сѐ уште не одлучила кои ќе бидат нивните предлози за министри во техничката Влада. 

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, за Алсат изјави дека предлозите за технички министри и заменици-министри ќе се знаат во втората половина од декември.

 

- „Дискутиравме само за процесот којшто следува. Не сме дискутирале сѐ уште за имиња. Во моментов во партијата трае процедура на испитување на јавното мислење за имиња во одделни општини за кандидати за пратеници. Во моментов сме во таа фаза. Инаку, втората половина од декември месец ќе има јавноста информации за тоа кои ќе бидат имињата коишто од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за технички министри, заменици-министри итн“, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега