Ахмети го честита празникот Курбан Бајрам

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати честитика по повод празникот Курбан Бајрам.

Во честитиката Ахмети истакнува дека Курбан Бајрам не кани да ги прифатиме небесните и човечките вредностите за љубов и почит еден кон друг, добри дела и толеранција.

- Токму религиозните празници го поттикнуваат најдоброто во нас и не потсетува дека такви треба да останеме во секој миг од нашиот живот. Посакувам празникот Курбан Бајрам да ве пронајде сите вас и вашите семејства во добро здравје и благодет, се вели во честитката од Ахмети.

14.10.2013 - 15:45
Фото: 
засе.мк

најчитано сега