"Да се почитуваме и да градиме заедничка иднина" - Вељановски го честита Курбан Бајрам
Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска упати честитика до сите припадници на исламската вероисповест по повод празникот Курбан Бајрам.
- Курбан Бајрам е празник кој ја симболизира хуманоста и солидарноста, кој потсетува дека љубовта и помагањето треба да се споделуваат, дека разликите треба да не спојуваат, да се почитуваме меѓу себе и да градиме заедничка иднина во просперитетна држава. Република Македонија треба да биде пример каде мултиетничките и мултирелигиските вредности ќе функционираат во хармонија и ќе создаваат вистински темели на кои ќе се гради преспективата за сегашните и идните поколенија, се вели во честитката на претседателот на македонското собрание.
14.10.2013 - 15:32