Милошоски: Со новата методологија ќе требаат 10-15 години за целосно членство во ЕУ

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски проценува дека со новата методологија од почетокот на преговорите до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години.

– Новата методологија за проширување на ЕУ, предложена од Франција, предвидува парцијално членство и 7 етапи при зачленувањето на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и БиХ. Зачленувањето е предвидено како строг, постепено и спор процес, но со поконкретна поддршка во текот на целиот процес, преку делумен пристап до инструментите од заедничките ЕУ-проекти, а можен би бил и пристап до помал процент од структурните фондови. Етапите на постепеното зачленување се замислени како школски систем, односно не можете да учествувате во политиките на ЕУ од петата етапа, доколку не ги исполните одредниците за влез и учество во четвртата етапа, претходно третата етапа итн. Човековите права и слободи, владеењето на правото и правосудството остануваат темелни основи на процесот? чие исполнување е услов без кој не се може, пишува тој.

Додава дека постепеното зачленување во ЕУ се предлага да биде повратен/реверзибилен процес кој ќе може, заради можно наведување во стандардите, да биде суспендиран, да бидат ускратени одредени фондови или да биде вратен на самиот почеток.

- Полноправното членство останува опција и крајна цел, но со оваа методологија од почетокот на преговорите до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години, пишува Милошоски на својот Фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега