Оружје и танчерки од Албанија откриени во кафеани во кумановско

 

Кумановската полиција во текот на дводневна акција во три угостителски објекти во кумановско-липковскиот регион, откри шест танчерки од Албанија четири пиштоли и кражба на електрична енергија.

Се работи за угостителските објекти „Натира“ во Рунице, сопственост на 61-годишниот И.К. „Алби“ во Ваксинце во сопственост на 25-годишниот А.Р. и „Гошинца“ во Черкези во сопственост на 39-годишниот И.С. каде биле пронајдени четири пиштоли кај 70 годишниот А.А од Куманово и 33 годишниот Џ.Ј од Мојанце кои ги поседувале без дозвола, кај 35 годишниот А.О од Слупчане и 57 годишниот А.Ш од Скопје кои пиштолите ги носеле со себе.

Во угостителскиот објект „Алби“, пронајдени се шест државјанки на Албанија кои ги забавувале гостите,пеејќи и танцувајќи, додека во угостителскиот објект „Гошинца“ во село Черкези, пронајден е малолетник кој во објектот седел и после 24 часот.

Исто така  и екипите на ЕВН во угостителските објекти „Натира“ и „Гошинца“, констатирале кражби на електрична енергија, за што од страна на СВР Куманово ќе бидат поднесени кривични пријави.

14.10.2013 - 14:44

најчитано сега