Ја силувал и ја убил мајка си затоа што не му дала да игра на компјутер
Американскиот тинејџер Ноа Крокс (14) се обидел да силува неговата мајка, по што ја убил, бидејќи му забранила да ја игра видео играта „Call of Duty”, затоа што на училиште имал лоши оценки.
Убиството се случи минатата година, но шокантните детали излегоа во јавноста на судското сослушување, каде е пуштена снимката каде момчето се јавува на бројот 911.
„Не се шегувам. Таа е мртва. Mногу сум исплашен. Ја убив својата мајка. Не знам зошто го направив тоа”, изјавил Ноа за време на разговорот со оператор, кој траел околу десет минути.
„Се чувствувам како да сум луд, но знам дека не сум. Се обидов да ја силувам. Се обидов да ја силувам, но не можев. Само би сакал ова да е еден лош сон, да се разбудам и да можам да ја прегрнам и бакнам”, говорел тогаш 13-годишниот Ноа од државата Ајова.
За време на разговорот тој открил дека и бил лут на мајка си, бидејќи му забранила да ја игра видео играта „Call of Duty”, бидејќи на училиште имал лоѓи оценки.
„Не знам што ме обзеде”, изјавил Ноа на диспечерот.