ВМРО-ДПМНЕ: Само ЌЕ функционира откако министер е Филипче

СДСМ за овие три години успеа да го урне здравствениот систем. Ова го велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

          - Од ветувањата на Заев, здравствените работници добија само распродажба на јавното здравство и сомнителни тендери.

         Откако Филипче е министер на здравство, функционира само со „ЌЕ“.

          Пациентите не го добија ветеното подобро здравство, кое се ветуваше во предизборни кампањи.

          Подобро здравство стана мисловна именка во Македонија.

     -     Хаосот кој што владее во здравството мора под итно да му се стави крај. А, тоа ќе се случи кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе победат на предвремените парламентарни избори. Тогаш ќе дојде обнова во здравствениот систем, ќе започнат реалните мерки од кои граѓаните и здравствените работници ќе имаат полза, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега