СДСМ: Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголем извор на лажни вести и дезинформации

Лажните вести, конструираните случаи и дезинформациите остануваат единствениот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, пишува во реакцијата на СДСМ на изјава за медиуми на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемиот извор на лажни вести и дезинформации.

За лажирање на податоци Наум Стоилковски треба да се обрати во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи додека кадри на оваа партија раководеа со ДЗС беше период на тешки лажирања и фабрикувања податоци во корист на криминалиот режим.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со позитивните резултати кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Од -1.8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ економијата порасна до +4.1% поради вистинските економски политики на СДСМ.

Од 9.000 денари просечна плата во времето на ВМРО-ДПМНЕ до 14.500 благодарение на СДСМ односно 5.500 денари повеќе секој месец.

Тоа е реалноста. Затоа ВМРОД-ПМНЕ бара алиби во наводни извитоперувања на податоците, метод многу познат токму за ВМРО-ДПМНЕ.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Институциите ги демантираат нивните лажни вести, а јавноста веќе одамна не им верува на нивните лаги.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на 12 април ќе загубат на предвремените парламентарни избори. Граѓаните повторно ќе ја поразат нивната матрица на лажни вести и дезинформации и ќе потврдат дека државата, институциите се на прав пат3, стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2019 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега