Стоилковски: Имаме сведоштва дека државната статистика лажно го подобрува економскиот биланс

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека до нив постојано пристигнуваат индиции за злоупотреба на статистиката, а по нарачка на власта за лажно подобрување на економскиот биланс.

„Државната Статистика наместо одговори, се заканува со тужби, бидејќи беше објавено дека до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сведоштва од вработени, актуелни и поранешни вработени, за фабрикување и испорака на резултати по теркот на потребите на власта, а со цел да се стекнат со подобри стартни позиции до делот на обезбедување на средства за буџетот, но и за други политики коишто ги води оваа власт во заминување“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој оцени дека заканите со тужби  од директорот, Апостол Симовски само ги засилуваат сомнежите во јавноста за недоследности во работењето. Стоилковски упати неколку прашања до Симовски, меѓу кои, дали имало вработени кои поднеле оставки заради лажирање и недоследно работење на институцијата;  дали се фабрикувани објавени резултати по претходен диктат од Илинденска бр.2, како и дали врз основа на таквите објавени резултати лажно се подобруваат стартни позиции на власта за обезбедување на средства за буџетот, како и за други политики на оваа власт.

Претходно денеска, Државниот завод за статистика најави дека ќе го тужи Мицкоски за клевета во врска со изнесените обвинувања дека Заводот објавувал неточни и фабрикувани извештаи по нарачка на Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега