Убиецот на Мартин Нешковски се бара со потерница

Специјалецот Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, од денеска се бара со потерница.

Портпаролот и судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова за МИА информираше дека надлежните од МВР и СВР-Штип ги информирале оти Спасов од петокот до денеска не е најден на подрачјето на Општина Штип.

– Игор Спасов не е пронајден и е недостапен на органите на прогон. СВР- Штип го извести Судот дека тој е недостапен и е во бегство, поради што Судот веднаш издаде согласност за издавање на потерница за негово пронаоѓање на територијата на Република Северна Македонија, изјави Неткова.

Ако не се пронајде, повторно се известува Судот, кој дава согласност за издавање на меѓународна потерница. 

За потсетување, тој е осуден на 14 години затвор за убиството на момчето Мартин Нешковски вечерта на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега