Груби ги повика Османи и Димитров на отчет пред пратениците

 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, за утре закажа тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во нашата држава по Самитот на ЕУ во октомври 2019 година.

На седницата се очекува обраќања да имаат заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Поканети се сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега