Златев во ОЈО: Место да гонат функционер кој тепа граѓанин, го гонат тој кој објавува

Новинарот Љупчо Златев денеска е повикан во Основното јавно обвинителство кое претходно отвори истрага против него откако тој на својот портал „Лидер“ објави аудио снимка во која се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш физички измачува човек кој претходно го лишува од слобода.

- Бев повикан по налог од Јавното Обвинителство, поради тоа што годинава објавивме снимка од градоначалникот Курто Дудуш каде тој бесправно киднапира човек и го малтретира, го тепа, вели Златев.

Додава дека е иронично што тој треба да сноси одговорност за снимка од тоа како функционер на власта тепа човек.

- Сите беа професионални и ми дадоа дознаење дека морале да ме повикаат. Спрегата на Јовевски со власта е очигледна, би рекол дека е љубовна поврзаност, вели тој и додава дека ги малтретира сите критичари на власта.

Вели не знае дали ќе одговара но не му е јасно како е можно во една земја која вели дека е демократска да се случуваат вакви нешта.

- Очекувам одговори од Јовевски и љубовните врски со власта, не знам што се случува но ова е загрижувачко, зошто тсана пракса кај нас. Во полиција кажав дека нема да го откријам изворот на снимката каде функционер тепа граѓанин, вели Златев.

Новинарот вели дека УСБ-то кое било доставено го фрлил во Вардар откако ја објавил снимката.

Инаку, Златев и вчера на Фејсбук објави дека бил повикан на распит за снимката која ја објави со градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш. 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега