УХМР со предупредување за времето - Не чека голема промена

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

 До вторник ќе се задржи сончево и топло времеВо среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура  ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд.

Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2019 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега