Арсовски: По 12 април ќе ја вратиме Македонија на патот на успехот

Светската банка преку својата публикација Дуинг Бизнис која излегува еднаш годишно, потврди дека економијата во Република Македонија едноставно тоне. Ова го рече Димче Арсовски на прес-конференција.

    -      Република Македонија, на листата на Дуинг Бизнис падна за 7 места од 10 на 17 место во светот. Тоа автоматски докажува дека Владата не работи ништо ама баш ништо за одржување на бизнис климата, а не пак за подобрување. Залудни се спиновите од страна на Министерката Нина Ангеловска дека сме се уште први во регионот или пак пред дваесет и неколку земји во Европа. Залудни се тие спинови сепак се покажа дека ништо не се работи на полето на реформите за подобрување на економијата.   Овие неуспеси на Владата на СДСМ, на Зоран Заев, Нина Ангеловска, Тевдовски, Анѓушев, Бектеши, Љубе Бошковски како министер за странски инвестиции и останатите од економскиот тим, се затоа што не се работи ама баш ништо во однос на реформите во државата, туку едноставно се работи на крадење и пљачкање на сопствениот народ од горе набројаните луѓе од економскиот тим. Законите и реформите не може сами од себе да се прават и да се носат во Собранието. Мора некој да ги сработи и да ги реализира. Имаме пад кај сите индикатори во извештајот, што уште еднаш укажува на не работата и мрзата на оваа Влада која е посветена единствено на сопствените бизниси. Имаме пад кај индикаторот „Започнување бизнис“, кај индикаторот „Градежни дозволи“, кај индикаторот „Поврзување на електрична мрежа“, кај индикаторот „Регистрирање на имот“, кај индикаторот „Добивање кредит“ , кај индикаторот „Заштита на малцински инвеститори“, кај индикаторот „Плаќање на даноци“, кај индикаторот „Надворешна трговија“, кај индикаторот „Спроведување на договори“ и сите останати. Практично нема индикатор кај што немаме пад дали од неколку или од десетици места. А, и како да немаме падови на сите овие индикатори на извештајот кога за половина од овие ставки Владата и функционерите на СДСМ земаат мито од страна на компаниите и бизнисмените, рекетираат, како кога банките не се сигурни во економијата и не можат да издаваат кредити да ги помагаат компаниите, кога гледаме дека високи функционери на Власта местат тендери и наплаќаат провизии на милионски тендери и тоа јавно излегоа во јавност со снимки, вели тој.

Прашува:

          Дали некој ќе понесе одговорност за овој неуспех на државата?

          Дали некој ќе понесе одговорност за се ова што ни се случува на економски план?

          Дали некој конечно ќе одговара што тоне и колабира македонската економија? Што државата и над 500.000 граѓани живеат на работ на егзистенцијата?

          Заев, Нина Ангеловска, Кочо Анѓушев, Бектеши, Љубе Бошковски и сите оние советници за економија мораат да понесат одговорност за целиот економски крах.

      -    Правиот пат на целава оваа расипничка влада завршува тука и продолжува во историјата и низ институциите каде ќе треба да носат одговорност. Доаѓа обнова на Македонија после 12 април каде што сите заедно ќе ја вратиме државата на патот на успехот, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2019 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега