Два милиони муслимани од цел свет на аџилак во Мека

 

Близу два милиони муслимани пристигнаа денеска во светиот муслимански град Мека, за да го започнат својот редовен годишен аџилак. Дел од нив пристигнаа со воз, а дел од нив пешки, носејќи дводелна бела облека, како што налага традицијата.

Во Мини ќе се молат и одмораат пред да појдат на планината Арафат, врвот на ритуалниот аџилак.

Саудиска Арабија распореди повеќе од 100 илјади војници кои се грижат за безбедноста на аџиите и предупреди дека нема да толерира демонстрации или немири.

Властите соопштија дека се оптимистични дека аџилакот ќе мине без инциденти, со оглед на тоа дека муслиманите во текот на годината изведоа бројни помали аџилаци, за време на кои не беа забележани никакви проблеми.

 

13.10.2013 - 14:42

најчитано сега