Хансен: Македонците го разбираат ракометот - публиката е навистина фантастична!

Во ексклузивно интервју дадено за официјалната веб страна на РК Вардар, Микел Хансен и Даниел Нарсис се согласија дека публиката во Македонија е фантастична!

Двајцата ракометари велат дека на мечот против Металург одиграле лошо второ полувреме и за тоа загубиле, а нивната прва цел е да ја минат групната фаза.

Во врска со утрешниот натпревар, Хансен вели дека се надева на победа. - Се надевам дека ќе победиме. Имаме силен тим со многу интернационалци. Предноста на вашите екипи кога играат на свој терен е фантастичната публика. Тука навистина сите го разбираат ракометот и мислам дека ќе биде тешко. 

Од друга страна, Нарсис вели дека очекува тежок натпревар бидејќи Вардар има силен тим и публика која ја разбира играта.

Според Хансен, Вардар игра тимски ракомет што е и неговото најсилно оружје. 

Извор: РК Вардар

13.10.2013 - 11:03
Фото: 
А1.он

најчитано сега