Груевски: Ќе набавиме дефибрилатори за руралните средни - без нив лекарите се беспомошни

 

Денеска премиерот Груевски за време на почеток на градежни работи за проширување и реконструкција на улицата „Трета Македонска бригада", уште еднаш потрди дека во руралните средини ќе бидат набавени дефибрилатори.

- Одејќи низ руралните средини во текот на ова лето збележавме дека има многу населени места кои во близина немаат дефибрилатор. Многу села коишто имаат три, четири и пет илјади жители, а каде што нема институција со над 100 вработени, тие се соочуваат со немањето дефибрилатор и многу луѓе умираат додека да стигнат до соодветна здравствена установа каде што може да им се помогне, рече Груевски.

Груевски денеска појасни дека дефиблилатор е потребен за спасување на животот на некој човек кој добил инфаркт.

- Вообичаено е во руралните средини кога некој ќе добие инфаркт да го однесат до место каде што има лекар и тоа се најчесто матичните лекари во селата. Но, тие немаат дефибрилатори и не постои начин да им помогнат на луѓето што имаат инфаркт. Дури и да има 20-30 лекари тие се беспомошни ако немаат дефибрилатор, само може да го гледаат пациентот како умира. Затоа донесовме одлука со која државата ќе помогне во набавка на дефибрилатори кај сите матични лекари во руралните средини на начин што тие ќе ги купат дефибрилаторите, истакна Греувски.

12.10.2013 - 14:59

најчитано сега