МВР дел од Европа 2013: Полицијата откри четири украдени возила
Македонското министерство за внатрешни работи спроведе голема полициска акција за во која беа пронајдени неколку украдени возила од европските држави.
Полицијата извршила контрола на 416 лица, 99 документи за моторни возила и вкупно 1396 моторни возила, од кои 1361 автомобили, 14 камиони, два мотори, една градежна машина и 18 други моторни возила, при што се регистрирани возила кои се украдени од Германија, Италија, Словачка, како и Швајцарија.
Исто така биле извршени и контроли за фалификување на бројот на шасија на возилата, при што утврдени се неправилности кај вкупно осум возила каде е утврдено фалсификување на VIN бројот.
Од МВР информираат и дека во рамки на спроведената заедничка полициска операција „Европа 2013“ во два одделни случаи откриена е и опојна дрога, и тоа во еден случај осум килограми марихуана, а во друг случај кај лице турски државјанин откриени се три грама марихуана и пет грама опојна дрога, при што лицето е приведено и против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Инаку, во операцијата која се спроведе на крајот од минатиот месец учествуваа земјите членки на ЕУ - Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Италија, Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска, земјите кои не се членки на ЕУ - Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово; како и организациите Еулекс и Европол, Евроџаст, Фронтекс, Интерпол.