„Сопруг на годината": Си ја заборавил сопругата на бензинска пумпа
Маж од Германија може да биде прогласен за "сопруг на годината". Германец кој се враќал од меден месец си ја заборавил сопругата на бензинска пумпа. Дури откако го стартувал автомобилот и се возел два часа без неа, забележал дека нешто му недостасува во возилото.
Брачниот пар медениот месец го поминал во Франција, а кога сопругот застанал да си стави гориво, невестата која спиела во текот на патувањето отишла до тоалет, па мажот го платил горивото го запалил автомобилот и тргнал без да забележи дека ја нема жената.
Откако случајот го пријавил во полиција, му било соопштено дека жената нестрпливо го чека во станица.
12.10.2013 - 12:51