Вработете се за 30.000 денари месечна плата

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermarkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

 
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции:

Самостоен стручен соработник за управување co колатерали овластен проценител, сектор за управување co ризици (1 позиција, неопределено време)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

• ВСС, економски, правен или градежен факултет;
• 5 години работно искуство во релевантна област;
• Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office и Outlook Express);
• Одлично познавање на англиски јазик, предност имаат кандидатите кои го познаваат и германскиот јазик (препорачливо поседување официјален сертификат);
• Одлично познавање на постоечкиот пазар на недвижности;
• Поседување лиценца за овластен проценител согласно важечката законска регулатива.
• Добри организациски и комуникациски вештини јасен израз, независност, интегритет прецизност, доверливост, работа во динамична средина, ориентираност кон тимска работа.

Опис на работното место/одговорности:

• Анализа на формалните и вредносните аспекти на понудените колатерали;
• Изготвување на прелиминарно мислење за адекватноста на инструментите за обезбедување (економски аспект);
• Евалуација и репроценка на колатералите по потреба (економска анализа на проценка на вредноста на колатералот и евентуална корекција);
• Мониторинг, известување, контрола и иницирање на корективни активности поврзани со колатералите,
• Одговорност во врска со следењето на пазарните движења во делот на недвижниот и движниот имот.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно. од понеделник до петок. работа во една смена претпладне.

Почетна основна месечна нето плата: 30.000.00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45,90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Caмocтоен стручен соработник за реструктуирање, сектор за управување co ризици (1 позиција, неопределено време)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

• ВСС, економски факултет;
• Над 3 години работно искуство во банкарскиот сектор во управувањето со ризици, корпоративно кредитирање;
• Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office и Outlook Express);
• Одлично познавање на англиски Јазик, предност имаат кандидатите кои го познаваат и германскиот Јазик;
• Познавања од областа на финансии и финансиска анализа, управување со кредитен ризик познавање на законската регулатива и прописите од НБМ;
• Добри организациски и комуникациски вештини, вештини за планирање и одлучување, развиени вештини за преговарање, ориентираност кон постигнување цели, работа во динамична средина

Опис на работното место/одговорности:

• Подготовка на апликации и активно учество во процесот на реструктуирање на клиенти (корпоративни и микро) од категориите на ликвидни, помалку ликвидни и потенцијално неликвидни и несолвентни клиенти на Банката во согласност со интерните процедури;
• Подготовка на предлози за наплата и реструктуирање на клиенти класифицирани во согласност со рејтингот за сите категории на ризик;
• Управување со портфолиото на група на високо ризични (корпоративни и микро) клиенти;
• Спроведување на активностите во рамки на Секторот, со цел да се наплатат побарувања, како и напорите за избегнување и / иди минимизирање на потенцијалните загуби за Банката:
• Соработка со банките и другите доверители во случај на заеднички интерес во наплатата на проблематичните побарувања преку реструктуирање;
• Следење на законската регулатива и прописите на НБМ и ажурирање на интерните акти кои се однесуваат на реструктуирање кредити, спроведување на законот. стечајни постапки итн..
• Подготвеност да се патува и посета на клиенти заради управувањето на портфолиото на Дирекцијата за наплата.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена претпладне.

Почетна основна месечна нето плата: 30.000,00 денари. Изборот ќе се изврши во рок од 45,90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат rope наведените услови потребно е да испратат резиме (СV) со фотографија и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул. Македонија 9-11г Скопје, најдоцна до 2110.2013 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати no e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

12.10.2013 - 11:57

најчитано сега