Граѓани на Топаана: Ова видео покажува дека полицијата не тепаше (ВИДЕО)

Граѓани на Топаана тврдат дека полицијата без причина ги нападнала за време на интервенцијата при што тие реагирале и почнале да ја каменуваат полицијата а во инцидентот двајца полицајци со повреди завршиле во болница.  Полицијата утрово соопшти дека привела пет лица и едно лице кое издржувало затворска казна и било пуштено на викенд по што не се вратило во затворот. Од полицијата велат дека во меѓувреме тоа лице, учествувало во физички напад.  Полицијата по основ на сомнение дека е можен сторител на тој напад и при обид да го приведе затвореникот, била попречувана од страна на 22-годишниот Е.А. 

Во меѓувреме, како што велат од МВР, се насобрале поголем број лица кои почнале да фрлаат со камења и со разни предмети по полицијата, по што двајца службеници со повреди биле пренесени во Градската болница, а оштетено е едно полициско возило. 
 
ВИДЕО: 24 Вести