Во Скопје ќе никне нова црква - започнува изградбата на Св. Јован Крстител
Денеска ќе биде поставен камен-темелник за изградба на црквата Свети Јован Крстител во скопската населба Бутел.
Црквата ќе никне на местото на ракометното игралиште на некогашниот клуб „Бутел“. Црквата ќе се простира на 500 квадратни метри, а нејзиниот највисок дел ќе биде 25 метри. Ќе се изградат и помошни простории за крштевање.
Заедно со сите простории, црквата ќе зафаќа вкупна површина од над 1.000 метри квадратни.
Предвидено е изградбата на храмот да заврши за четири години.
12.10.2013 - 10:14
Фото:
Региони.мк