Македонското знаме запалено во Гостивар

Синоќа засега непознат сторител го запалил Македонското знаме кое се веело на јарбол пред зградата на дирекцијата на ХЕЦ Маврово.

Од СВР Тетово, информираат дека најверојатно македонското знаме било запалено ноќеска, а прв го забележал вработен во чуварската служба, кога утрово доаѓал на работа. До македонското знаме кое горело, биле истакнати и албанското и знамето на компанијата, кои не биле оштетени.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

12.10.2013 - 10:05
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега