Јанушев: СДСМ е сосем во право кога вели дека е на „Прав пат” за заминување од власт!

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку својот статус на Фејсбук порача дека оваа влада треба да си даде оставка и дека време е за предвремени парламентарни избори.

-Како изминуваат последните месеци и се ближи крајот на Зоран Заев и криминално-рекетарската банда на власт, гледаме како “професионалните политички аналитичари” се обидуваат со “крајни напори” да ги релативизираат работите.

Па така, во дел од неодамна објавените текстови и коментари можеме да видиме како “Надежта дека во Македонија некогаш ќе владее правдата е како приказната за датумот за преговори со ЕУ. Еве го, ене го, а никако да дојде. Падна СЈО. Како што изгледа, со сведочењето на Верушевски може да падне и најголемиот случај на СЈО, Таргет-Тврдина” или “Клучот дали да продолжиме да се надеваме дека ќе има правда го држи Франција. Оти, и со датум ќе биде тешко до правда. Ама, без датум па – никако.”

Навистина е интересно да се чита како ни најголемите поддржувачи на Заев не веруваат дека “нивните” се способни да овозможат владеење на правото и правна држава, а СЈО освен за пресметка со опозицијата и рекетирање не направи ништо во однос на тоа за што беше формирано.

Но сепак, најинтересно од се ми се виде обидот да се релативизира глупоста околу ветувањето за “300 пилоти” и правдањето дека всушност станува збор за “пилот- проект за 300 вработувања”, дополнето со тоа дека станува збор за мрзеливо новинарство, комбинирано со малку повеќе сеирџиска публика!

Да, во последниот дел се согласувам, публиката е сеирџиска, но сепак и сосем во право кога вели дека сте на “Прав пат” за заминување од власт! 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа