Мирсад Ибрахими е новиот претседател на ДУИ во Липково

На изборното собрание на Демократската Унија за Интеграција за огранокот во Липково имаше два кандидати за претседател, при што за претседател се избра Мирсад Ибрахими со 33 гласа, додека Лирим Јашари освои 10 гласа. 

Новоизбрааниот претседател на Огранокот на ДУИ во Липково, Мирсад Ибрахими рече дека се чуствува почестен и привилегиран бидејќи органокот на ДУИ во Липково од основањето нема претрпено загуба. 

„За овие резултати им се заблгодарувам на поранешните претседатели на огранокот во Липково и на симпатизерите на ДУИ. Затоа, пред Вас давам збор дека со целиот мој капацитет, во соработка со членовите на огранокот, ќе го дадам мојот придонес во реализација на платформата на ДУИ и процесите за доброто на Албанците и општеството во целина„ истакна Ибрахими. 

Поздравен говор имаше и Организацискиот Секретар на ДУИ, Артан Груби, кој одблиску ја следеше работата на Собранието на огранокот на ДУИ во Липково  заедно со раководството на партијата, при што пред присутните изрази задоволство што сите членови на собранието се присутни во работата на Собранието и дека има извонреден интерес од отприлика 400 членови и симпатизери за следење на ова Собрание.

„Ние ќе продолжиме со изборите утре во органокот во Кичево, во недела во Дебар, додека во понеделник во Врапчиште и така  по ред ќе ги заокружиме сите ограноци на Демократската Унија за Интеграција со нови раководства и нови претседатели, спремни за IV-от Изборен Конгрес на ДУИ, од кој ќе излеземе по унифицирани, посилни и поподготвени да се справиме не со денешницата туку и со иднината затоа што нашата одговорност не е да ја изградиме денешницата, туку да ја подготвиме денешницата за да ја изградиме иднинатa”,истакна Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2019 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега