Данев: Дали вие би го гласале овој ребаланс на буџетот во кој се предвидува намалување на средствата за образование за 34 %

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев. Тој кажа дека со овој ребаланс се предвидува намалување на средствата за образование за 34%.

-Дали вие би го гласале овој ребаланс на буџетот во кој се предвидува намалување на средствата за образование за 34 %. Ќе одам стапка по стапка. Реконструкција на средни училишта намалувате износ од 43 % од буџетските средства, за развој и подготовка на програми што е многу битно во ОЕЦД и Светска банка во сите извештаи ви го кажуваат намалување за 58 % кажа Данев.

Тој додаде владата воопшто не за грижи за образованието и дека образованието е во очајна состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега