Стефан Васев: Мицкоски се определи за Груевски и не се огради од неговите криминали

Христијан Мицкоски по секоја цена се определи за Никола Груевски и не се огради од неговите криминали. Напротив, и натаму останува посветен на одбраната на криминалот на одбрана на режимот. Најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски,рече Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција.

„Блеф е и наводната продажба и донирање на парите од продажбата на белиот дворец зад мене изграден за време на најголема сиромаштија.

Криминално стекнат имот не може да се донира.

Мицкоски се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител, но и човек кој јавно на телевизија навредуваше пратеници на СДСМ и бранеше насилници кои упаднаа во Собранието.

Александар Климовски, стратешкиот советник на Мицкоски, во директен пренос додека траеше упадот во Собранието, безобразно ги навредуваше пратениците на СДСМ и претседателот Заев.

Со такви ликови, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат само за обнова на режимот, заробената држава и груевизмот.

Лажните преродби и обнови се стариот крив пат на Груевски и Мицкоски.

Членството во НАТО и ЕУ и враќањето на парите назад кај граѓаните е правиот пат.

Мицкоски може да се сили колку сака. По неколку изборни порази тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготвуваат за нов пораз на наредните избори, кога и да се одржат тие.“, наведе Васев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега