ВМРО-ДПМНЕ: Три години власта не изгради градинка
На СДСМ и Мила Царовска им беа потребни 3 години за да им текне дека една од основните обврски на МТСП е изградба и инвестиција во градинки. Ова го велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
- 3 години власта не изгради ниту една градинка, а сега кога најавуваат изградба, за која не знаеме и дали ќе ја реализираат се фалат како да прават нешто кое што е невообичаено. Изградбата и инвестицијата во детските градинки е обврска на МТСП и истото не е нов пронајдок со кој власта треба да се фали, напротив треба да одговорат што правеа 3 години и не изградија ниту една градинка, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа