ВМРО-ДПМНЕ: Заев да лаже дека ќе вработи 300 пилоти е врв на безобразие

На површина излегуваат сите лаги на Зоран Заев од предизборието во 2016 година. Зоран Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе. Ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ денеска.

 - Ветувањето за вработување на 300 пилоти од Арачиново е жално и срамно. Да лажете луѓе од едно населено место дека само од нивното место ќе вработите 300 пилоти е врв на безобразие и поигрување со состојбата во која се наоѓаат луѓето притиснати од материјално егзистенцијални проблеми. Колку е голема лагата на Заев гледаме и од фактот што 300 пилоти во Македонија немало од осамостојувањето па до денес. За да бидат примени 300 пилоти тие треба да поминат обука и никој не може да гарантира дека сите 300 кои ја почнеле и ќе ја завршат обуката. Срамни се лагите на Заев. Имајќи во предвид како лаже можеме само да претпоставиме колку нови лаги кои ги кажувал ќе излегуваат во иднина, велат од ВМРО.

 Додаваат дека Зоран Заев нема повеќе кредибилитет пред никого во Македонија. Зоран Заев мора да си замине.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега