Трет ден пратениците ќе расправаат за Буџетот

Пратениците денеска трет ден ќе дебатираат за Дополнетиот предлог на ребаланс на Буџетот за 2019 година.

Во него, вкупните приходи се проектирани на 210,5 милијарди денари, а вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари. Дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот се предвидува намалување на приходната и расходната страна за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто. Буџетскиот дефицит се задржува на ниво од 2,7 отсто, а ревидирана е проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

Вчерашниот втор ден од дебатата помина во низа реплики и контрареплики меѓу пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои меѓусебно се обвинуваа околу реализацијата на капиталните инвестиции, странските инвеститори, проектот „МојДВВ“, како и околу тоа кој колку вложувал во културата.

За СДСМ, ребалансот на Буџетот е развоен и повеќе пари ќе се слеат кон граѓаните и кон бизнисот со што ќе се поттикне и раст на економијата. Според нив, сите показатели на меѓународните институции покажуваат дека државата добро напредува.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека релабансот на Буџетот нема развојна компонента, а не се реализирани и капиталните инвестиции. Забелешки имаа на јавниот долг кој според нив се зголемува, а критики упатија и затоа што се кратат средства во образованието, културата, инфраструктурата и животната средина. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега