ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одговори зошто во системот се ажурирани само 78.320 административци
СДСМ, Заев и Манчевски продолжуваат да лажат и манипулираат со граѓаните, велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.
„Наместо празни соопштенија кои што ги праќа СДСМ, веднаш да одговори зошто во системот се ажурирале само 78.320 административци, кога лани работени однос склучиле дури 132.068 лица?
Зошто СДСМ, Заев и Манчевски сакаат нивната неспособност, неработа и неодговорност да ја префрлат на вработените во институциите и во извештајот од Државната ревизија стои дека невнесувањето на податоците е поради неажурност од вработените во институциите?
Зошто СДСМ, Заев и Манчевски се обидуваат да ја прикријат реалната бројка на вработени лица во јавниот сектор?
СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски не можат да ја однесат Македонија на правиот пат.
Граѓаните знаат дека СДСМ, Заев и Манчевски единствено што знаат е да ги партизираат институциите и да вдомуваат партиски послушници.
Граѓаните знаат колку штета им нанесе СДСМ, Заев и Манчевски на институциите и на Република Македонија и затоа се плашат да распишат предвремени парламентарни избори.
СДСМ мора веднаш да замине, што побрзо тоа подобро за сите. Наскоро доаѓа вистинска грижа, професионална администрација и одговорно работење. Наскоро доаѓа Обнова за Република Македонија“ се вели во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа