Груевски: Ќе бидат набавени дефибрилатори за руралните средини

 

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска најави дека  државата ќе помогне во набавка на дефибрилатори кај сите матични лекари во руралните средини. Груевски денеска појасни дека Владата ќе помогне на тој начин што ќе ги купи дефибрилаторите, а потоа парите што ќе ги дадат ќе им бидат одбивани од закупнината што тие редовно ја плаќаат месечно за користење на државниот простор.

- Одејќи низ руралните средини во текот на ова лето збележавме дека има многу населени места кои во близина немаат дефибрилатор. Многу села коишто имаат три, четири и пет илјади жители, а каде што нема институција со над 100 вработени, тие се соочуваат со немањето дефибрилатор и многу луѓе умираат додека да стигнат до соодветна здравствена установа каде што може да им се помогне, рече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по почеток на градежни работи за проширување и реконструкција на улицата „Трета Македонска бригада“.

Дефиблилатор е потребен во случај на инфаркт за спасување на животот на некој човек кој добил инфаркт, може да се користи од парамедицински лица, односно лица што не се со завршен медицински факултет, со обука која трае три-четири часа и со тоа може да се спасуваат животи.

- Вообичаено е во руралните средини кога некој ќе добие инфаркт да го однесат до место каде што има лекар и тоа се најчесто матичните лекари во селата. Но, тие немаат дефибрилатори и не постои начин да им помогнат на луѓето што имаат инфаркт. Дури и да има 20-30 лекари тие се беспомошни ако немаат дефибрилатор, само може да го гледаат пациентот како умира. Затоа донесовме одлука со која државата ќе помогне во набавка на дефибрилатори кај сите матични лекари во руралните средини на начин што тие ќе ги купат дефибрилаторите, истакна Греувски.

- Истовремено лекарот и жителите што живеат во близина ќе добијат дефибрилатор кој во наредните години ќе спаси илјадници животи во Република Македонија затоа што од местото каде што е лекарот и градот каде што има дефибрилатор, многу често има 15 километри, 20, 30, а некаде и по 40, 50 километри до болницата во некој град каде што има ваков апарат. Некогаш пациентите преживуваат возејќи ги до таму, а некогаш умираат по пат. Да имало дефибрилатор во селото кај матичниот лекар тие ќе биле спасени и ќе продолжеле да преживеат, рече Груевски.

11.10.2013 - 15:39

најчитано сега