Бачовски: Се развиваат руралните средини, со СДСМ сме на прав пат

 
 
Како политичка партија чија програмска определба беше подобрување на квалитетот  на живот во руралните средини и зголемувањето на економската активност, продолжуваме со отворање на нови перспективи и услови за инвестиции во земјоделството и руралниот развој. Ова го вели икица Бачовски, член на Комисијата за земјоделие и рурален развој на СДСМ.
 
- Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември.
 16.5 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците,  угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини. Со оваа финансиска инекција, имплементирана преку министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, а поддржана од Европската Унија, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработкана прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам. Со имплементацијата на оваа мерка,  во македонските села и рурални општини ќе никнат нови производствени капацитети, занаетчиски работилници,  приватни градинки и домови за стари лица, ветеринарни станици, сместувачки , угостителски објекти за гастро – туризам и информатички и спортско – рекреативни центри. Искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата на СДСМ и коалицијата.  ИПАРД програмата во периодот на владеење на минатата власт бележеше рекорден процент на неискористеност од само 20% или само 12 милиони евра. Денес, само со еден јавен повик се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет, вели тој.
 
Сите овие параметри се резултат на цврста заложба за исполнување на програмата План за живот, во која се обврзавме на поефикасно имплементирање на ИПАРД програмата, олеснување на административните процедури за апликантите и искористување на сите ресурси за вбризгување на свеж капитал во агро – секторот, отворање на нови работни места и подобрување на условите за живот за сите граѓани на оваа држава.
 
- Нашата посветеност и новиот концепт на ефективна работа дава јасен знак дека сме на прав пат. СДСМ уште позасилено ќе делува во правец на модерзнизирање на земјоделството, враќање на достоинството на македонскиот земјоделец и воведување на повисоки стандарди за живот во руралните средини, додава тој.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега