Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во случајот „Монструм“

 

Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да се обрати до Министерството за правда за да се добие конкретен одговор – Дали воопшто е почната постапка за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот “Монструм” Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се наоѓаат во Косово.

Фетаи рече дека не е задоволна од истиот одговор што Министерството го праќа до судот дека „Постапката е во тек“. Покрај одговор од министерството околу екстрадицијата, семејствата на починатите момчиња побараа и средба со министерката Рената Дескоска. Оваа понуда експресно беше прифатена од министерката, која соопшти дека ќе ги информира роднините околу досега преземените дејствија. За постапката за екстрадиција соопштуваат дека на последното барање поднесено во 2018тата не добиле никаков повратен одговор од Косовските власти, пренесе Канал 5.

 - На располагање на Министерството му преостанува единствено да испраќа ургенции и да бара од надлежните косовски власти да се произнесат.Вакви ургенции имаме пратено во два наврати, и тоа на 26 февруари 2019 година, а последната ургенција е испратена на 3 јули оваа година.Согласно сите податоци со кои нашето Министерство располага, а кои ги имаме доставено до Министерството за правда на Косово, очекуваме лицата да бидат екстрадирани и да бидат изнесени пред лицето на правдата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега