Не се кријат 114 килограми марихуана - Македонец фатен на грчко-албанската граница
На граничниот премин Капштица на грчко-албанската граница синоќа биле запленети 114 килограми марихуана.
Дрогата била пронајдена кај 66-годишен македонски државјанин, во задниот дел на неговото комби возило. Дрогата била спакувана во 104 пакетчиња, а освен дрогата од Македонецот биле одземени и запленети мобилен телефон, две картички и 90 евра.
Запленетата дрога требало да заврши на грчкиот нарко пазар. Полицијата истражува дали во шверцот на марихуаната се замешани и други лица.
11.10.2013 - 11:20