Јанчев: Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја смени реториката и политиката, остава простор да се формира нова партија

Градоначалникот на Каадарци Митко Јанчев во интервју за „Фактор“ кажадека не сака да го погази или да го збуни членството во ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека ако партијата не се вразуми и не ја смеми политиката и реториката, се остава простор да се формира нова партија, во која и тој би учествувал. За раководството на ВМРО-ДПМНЕ смета дека им биле потребни жртви по успешното гласање во Собранието на уставните измени, па затоа и се обиделе да го стават во кошот со осумтемина пратеници кои ги етикетираа, но тоа не им успеало. За Преспанскиот договор вели дека бил храбар потег, за кој му честита на премиерот Зоран Заев. 

-Јас лично, до овој момент немам никакви преговори или договри за правење на нов концепт или нова партија, но пак ќе кажам, доколку не успееме да се соединиме и да направиме тоа што треба, не ја затворам можноста за понатамошно дејствие во тој поглед. Меѓутоа ако ситуацијата налага да не се вразумиме како партија или не стигнеме до нешто што треба да стигнеме, тогаш има простор да се размислува, доколку и сакам да влегувам понатаму во политичките дејствија, бидејќи јас сепак сум градоначалник, со мандат и функција од ВМРО-ДПМНЕ...вели Јанчев.

Тој истакна дека по неговото разрешување од партијата нема многу топло односи со раководството.

„Најреалната слика, и пред разрешувањето како потпретседател, и по разрешувањето, а и сега, е дека од никогаш не сум имал ни многу топли односи со раководството, бидејќи, веројатно ме гледаа и со подруги очи, бидејќи имам поразлични размислувања. За моето поразлично мислење од партиското, никогаш не сум наидувал на разбирање, туку, напротив, можеби и се сомневале во мене дека лошо и мислам на партијата. Напротив, времето ќе покаже дека не сум и мислел лошо на партијата, и во делот на разрешувањето, мислам дека повеќе беше политичко разрешување, за да се оцрни мојата личност – да го разрешиме, заедно со другите што ќе ги исклучиме, како предавник на државата, како поткупувач за пратеници, што воопшто нема врска. Дента пред да ме разрешат, лично ми се јави претседателот Мицкоски, и ме праша – сакате вие да си дадете оставка или да биде предлог на мое разрешување, и јас го замолив тоа да биде на предлог на негово разрешување. И тука сум единствено лут што не требаше да ме стават во исти кош со оние што ги исклучуваа, ги навредуваа за поткуп и така натаму, но дефинитивно тоа му било целта, за во истиот тој момент, да ме поврзат со тие осум пратеници и со други луѓе како предавници на партијата. Мое лично размислување е дека целта беше рушење на авторитет и углед на човек за кој веројатно тие мислат дека му ги загрозува позициите или понатамошното функционирање во самата партија. Оттогаш навака немавме посебни несогласувања или било што, не сум бил во централниот штаб, не сум присуствувал на никаква средба. На општинско ниво си функционирам супер, сум дел од Општинскиот комитет, имаме супер соработка, немаме никакви проблеми, се додека немаат некои потврди инструкции од централното раководство. Сега засега е ок. Повремено постои некоја ладна интерна комуникација“, кажа Јанчев.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега